Актерите од филмот Монтевидео! – цела емисија

По доаѓањето на Драган Бјелогрлиќ кој имавме можност за прв пат да го видиме во македонско ток шоу, во студио ни дојде и актерската екипа од неговиот “Монтевидео се гледаме!”, филм кој досега во соседна Србија го видоа фантастични половина милион гледачи.

 Петар Стргуар, Иван Зекиќ, Андрија Кузмановиќ и малиот Пеџа Васиќ се актери кои кај нашиот северен сосед имаат статус на вистински мега ѕвезди. Со Жаре зборуваа за тоа како се случило од обични актери да станат ултра популарни личности, за петте години работа на проектот Монтевидео, за снимањето во Тенерифе и за дружењето со најдобрите срспки актери и секако, со холивудската ѕвезда Арманд Асанте.

 Пред разговорот видовме и една исклучително интересна пародија на една наша утринска програма.

 Уживајте во најновата епизода