Баба Клара ќе ве научи што да готвите во време на криза

Клара Канучиари го преживеала периодот на Големата депресија во САД, кога научила како да се храниш здраво, а да не трошиш многу.

Видеата со нејзиното готвење и топли совети беа споделени преку нејзиниот канал на „Јутјуб“ уште пред неколку години, но сега масовно се споделуваат поради пандемијата на коронавирусот.

Доколку го немате црниот тефтер со рачно напишани рецепти од вашата баба, гледајте ја баба Клара тука.