Бранѓолица со нова дизајнерска линија за Мекиците од Стража!

Познатиот концептуалист г-н Влахо Бранѓолица и неговиот креативен тим работат интензивно на нешто навистина уникатно. Имено, оваа есен/зима нема да биде одбележана само од најновите креации на модните фестивали во ЊуЈорк, Париз и Милано, туку и од најновите концептуални креации за производите, ентериерот и аутфитот во рестораните Мекиците од Стража!

Рестораните кои отсекогаш биле познати по деталите и вниманието на изгледот на своите производи, овојпат одат уште подалеку! Дизајнерската линија го носи името “Pure White” што претставува своевидна метафора за перфекционизмот кој овојпат ќе се потпира на едноставни базични форми, линии и бои кои ќе не враќаат назад кон нашите инстиктивни емоции, а воедно и космички ќе не пренесуваат во иднината на убавото за гледање, слушање и се разбира јадење. И сето тоа ставено во совршено заедништво под будното око за невиден баланс и хармонија на г-н Бранѓолица. Ви звучи контрадикторно!? Контрадикторно како дизајнот на јогуртот кој пленеше и збунуваше со тоа што за првпат видовме црно дизајниран јогурт пред 3 години во Мекиците од Стража, а сега сосема контрадикторно се претвара во бел во новата колекција за 2015/16!? И повторно изгледа совршено!

NOVIOT-JOGURT-2015-ZTV-22-F

Пред 2 години музичкиот виртуоз Влатко Стефановски напиша музика за брендот, сега Бранѓолица се придодава со дизајнерска линија на дел од производите. Се прашуваме дали некој може да претпостави со што ли во иднина може да не изненади нашата омилена гордост – Мекиците од Стража!? Најверојатно не, но со задоволство ги очекуваме иновациите. Дотогаш, во нивните ресторани ќе ги провериме новите дизајни зачинети со добар блуз во извонреден амбиент. А за храната? Мммм…