Декорирате дом или купувате стан – поштедете се од еден тон нервози!

Купување стан е многу позитивна работа, но најчесто знае да се претвори во вистинска мака со многу стрес, нервози и нејаснотии. Огромен број луѓе имаат проблеми со документи, не се задоволни со квалитетот на градбата, залудно потрошиле премногу пари на реновирање… Или уредувањето на домот – со страст ги читате Brava Casa, Еlle Décor, ги следите на Facebook и Instagram сите можни страници за дизајн на ентериер и се прашувате кога и кај нас на пазарот ќе има нешто со таков квалитет?

Ви ги претставуваме Golden Art и нивниот нов интерактивен портал www.goldenart.mk.

Купувачи на станови и секој љубител на стилскиот и фукционален дом, сите лесно и едноставно ќе се информираат за сè: последните новитети во градежништвото, локациите на кои оваа компанија гради станови, што е достапно за купување, а богами и блогот со кој ќе си го разубавите секој нов ден.

Зад веб порталот стои тимот на Golden Art, фирма која се грижи за секој аспект од креирањето на вашиот нов дом – планирање, изведба и конструкција, фасадирање и декорација. Тие се лидери на пазарот кај нас и градежна компанија која слободно може да се пофали со најинвентивните распореди на квадратури и најквалитетните материјали за градба. Направете пауза, посетете ја веб страницата на Golden Art , отоворете го блогот  ќе пронајдете доста интересни работи за читање и совети кои одамна ги барате за да ја донесете најважната одлука – да купите нов стан.