Дино Раџа во Еден на еден

Една од најголемите ѕвезди во светот на кошарката ни гостува вечерва во Еден на еден. Како играч од златната ера на НБА, го делеше паркетот со Мајкл Џордан, Шекил О’Нил, Стив Неш, Шон Кемп, Денис Родман, Скоти Пипен и уште многу други легенди.

Дино беше примен во Куќата на славните на кошарката, како член на класата 2018 година. Жаре го потсети на денот на инаугурацијата и Дино повторно помина низ емотивните моменти пред, за време и после тој крунски настан од неговата кариера.

Со Дино зборувавме за тоа како беше да се игра против сите тие великани на НБА, дали тој и другите европски и екс-југословенски играчи како тој, Дивац, Кукоч, Дражен, можеа да им парираат или можеби постоеше страхопочит.

Одлична епизода ве очекува вечерва во 18:30 на Канал 5. Ѕирнете дел од разговорот со Дино за неговата НБА кариера.