ДНК, Сара Мејс и Весна Бејби против Лозано

Дали Весна Бејби може да пее подобро од Лозано?

Или можеби Сара Мејс?

За Андреј од ДНК знаеме дека е супер пејач, ама и Панчо на неколку концерти на се има покажано.

Еднаш и Адел ја има пеено. Да сме на чисто кој најмногу го бива, Жаре на сите им даде предизвик, да се покажат на дело. Следната Еден на Еден, ќе биде „Седи си дома – Талент шоу“. Лозано, Панчо, Андреј, Сара Мејс и Весна Бејби ќе пеат, а стручно жири ќе ги оценува.

Едниот е професионален (ракометен) судија, Ѓорѓи Начевски.

Другиот е врврен спортист, ама знае и да пее. Не само дека жена му (Маја) е пејачка, туку и тој е талентиран, Дарко Панчев.

Гледајте „Седи си дома- Талент шоу“, специјална Еден на Еден што ќе ве развесели на Велигден, во недела, од 18.30 на Канал 5. Во меѓувреме, видете ја најавата: