Дритон прикажа како изгледаа скопјаните во Охрид викендов

Изминатиов продолжен викенд скопјани го окупираа Охрид. Низ охридската чаршија повеќе се слушаше скопски од охридски. Еден од скопските гости во Охрид беше и актерот Дритон Вејсели, популарниот Талат од серијата „Преспав“. Дритон на својот Инстаграм објави интересна слика на која напиша „Скопјанишча во Охрид“.

Дритон е актер во Театар комедија. На крајот на минатиот меец, тој и неговите колеги имаа интересен музички настан. Се вклучија во живо од нивната вонредна сцена во дворот на Театар Комедија пеејќи познати хитови. Дритон настапи заедно со колегите
Ева Скендеровска, Жаклина Стевковска, Жарко Димоски и Роберт Ристов.