Еден на Еден – Најдобра забавна емисија!

Официјално е! #1на1 е добитник на уште една Златната Бубамара! Спасе, Мешевски, Ѓоко и целата екипа ви се заблагодаруваат… Како што и Жаре кажа на сцената, вие сте ни на прво место.

Во моментот кога нашиот пријател Горан Стојановски (a.k.а. Џемо Биљбиљ) го прочита името на нашата емисија, радоста беше голема, а најсмирен од целата екипа беше токму главниот човек – Жарко Димитриоски (a.k.a. Жаре…добро, нема кул надимак како Џемо) кој во негов препознатлив стил ја прифати наградата.

Ве уверуваме дека ќе продолжиме уште погладни за успеси! И сендвичи! Грицки, храна, што и да е… 😀