Еден на Еден со награда за најдобар забавен сајт

Еdennaeden.mk е избран за најдобар сајт во категоријата забава, на синоќешното доделување на наградите за „Сајт на годината“, во ЕУ Инфо Центарот.

Манифестацијата која се одржува по дессети пат ја организираат Media Solutions и системот за онлајн-реклами Keep An Eye.

Edennaeden.mk по втор пат го добива ова признание, во 2017 како второнаграден и во 2019 како провонаграден. Наградени беа сајтови во повеќе категории: најдобар сајт за спорт, за вести и информации, најдобар сајт за мобилна апликација, најдобар женски сајт… Наградата сајт на годината ја добија колегите од Факултети.мк.

Ви благодариме што сте наши редовни гледачи во 11 сезона на „Еден на Еден“, секоја недела од 18.30 на Канал 5, и што го препознавате нашиот хумор, во емисијата и на сајтот.