Една сосема поинаква Еден на Еден

Луѓе со необични приказни, уникатно хоби или несекојдневен талент. Во недела најгледаното ток-шоу Еден на Еден ќе биде домаќин на неколку обични херои со интересни приказни.

Тие одговорија на повикот кој пред неколку недели го пуштивме на Фејсбук. На конкурсот за гости се пријавија голем број на фанови на шоуто, а во потесниот избор се најдоа 5 навистина интересни гости.

Дознајте ги нивните приказни оваа недела од 18:50 на Канал 5, во новата Еден на Еден епизода!