Одите на саем? Ова мора да го знаете!

Успешен старт на саемот за градежништво 2016! Се прошетавме, разгледавме, се информиравме, а богами и забавувавме – особено кај градежната компанија Golden Art.

Она што прво ни падна во очи беше нивниот прекрасен штанд со модерен дизајн. Истиот ги привлече и родителите и децата заедно. Возрасните се информираа на пултот, додека малечките го градеа својот дом од соништата, цртаа и си играа со коцки. Сè што треба за совршено поминато време на саемот!

Изненадувањата не застануваат тука. Освен бесплатен ПРЕМИУМ пакет од Winner осигурување со секој купен стан за родителите, има нешто и за дечињата. Сите кои го посетиле штандот на Golden Art ќе учествуваат во специјалното извлекување овој петок во 18:00, кога тројца од нив ќе си заминат дома со нов таблет-компјутер.

Не чекајте, посетете го саемот уште денеска!

Кога сме кај Golden Art и нивната саемска понуда, погледнете го фаворитот на публиката – 102m² совршенство во населбата Аеродром.

6