Ексклузивно интервју со Баба Рада за реформите во здравството

Што ќе гледаме, ако можеме да гледаме! Во недела нѐ очекува уште една одлична епизода на „Фчерашни новости“. Еве што ни подготви екипата:

  • Фчерашни истражуваат: Дојде ли живот за македонските рудници?
  • Ексклузивно интервју со Баба Рада за реформите во здравството
  • Фчерашни во играорното друштво „Валандовски конгрес“

Не ја пропуштајте епизодата 12 од третата сезона на „Фчерашни новости“. Гледајте го хумористичното шоу во недела од 20 часот на Телма или во живо на „Фејсбук“.

Дотогаш ГЛАСАЈТЕ која да биде следната песна што екипата ќе ви ја уништи. По „Хелоу“, „Македонијо, како си“ и „Депресито“ следува уште еден хит во соработка со „Сити радиот“, „Метрополис“, „Клуб ФМ“ и „Бубамара“.

Дајте го својот глас на следниот линк.