Epic: Како пеат Груевски, Заев, Диме, Бети…

Каде ќе завршат парите првично наменети за новогодишната прослава, а сега пренаменети за хуманитарни цели, дознајте во последната, шеста епизода на „Фчерашни новости“.

Во неа, ексклузивно, музичките настапи на постизборните журки на ѕвездите и ѕвездичките од политичката естрада.

Екипата известуваше и за почетокот на прскањето против соросоиди во земјава вклучувајќи се во живо од Агенцијата за десороизација.

Во последната епизода за оваа година, свое новогодишно обраќање имаше лидерот на Неопределените, а граѓаните имаа можност да му постават прашања на Зоран Заев.

Најгледаната сатирично-хумористична емисија „Фчерашни новости“ со нови сили и нова одлична епизода се враќа на првиот ден од новата година.