Ете ја и новогодишната епизода!

Како изгледа кога Бубо ќе се напие повеќе отколку треба за Нова Година, зошто возел цели 12 километри во рикверц, како со К15 се спасувале од сообраќајни казни и за неговата желба да полага за пилот – сето ова во нашата новогодишна #1на1 епизода.

Ја поставивме цела, значи ги има сите муабети со легендарниот Бубо Каров, сите интересни скечеви, јавувањето на Спасе во Јади Бурек, корпоративните честитки како во старите времиња на МТВ и многу многу повеќе.

Гледајте ја следната епизода од шоуто оваа сабота на 10 јануари во 21.30ч на Алфа тв.

Сега, комплетната новогодишна #1на1 снимена во одличниот амбиент на Мекиците од Стража –