Го знаете Џорџ Харис? Треба да го знаете!

Веројатно добар дел од Вас не чуле за Џорџ Харис. Името не ви значи ама апсолутно ништо. Пред да го гледаме документарецот “We live in public” и ние исто мислевме дека е некој нов поп пејач или рандом американец.
Патем речено, типот е екстра интересен. Има документарец за него од 2009 година, прв пат прикажан на Sundance филмскиот фестивал каде и освојува награда.
Џорџ Харис е човек кој на негов уникатен начин го предвидува технолошкиот бум кој ние денеска го живееме. И тоа го прави многу многу порано пред сите други, толку порано што се чини дека бил доста неразбран… Или едноставно бил чукнат. Типот со милионите долари кои ги има си прави еден експеримент кој бил маскимално несфатлив за многу луѓе, а денеска сите ние тоа го знаеме како реално шоу и потреба да се разоткриваме себеси со платформи како фејсбук, инстаграм и слични. Почнува од нула, завршува со милиони и на крај повторно завршува на нула и тоа некаде во Етиопија.
Погледнете ја фасцинантната приказна на Џорџ Харис…