Јован Јованов од Канада на тест кај Жаре

Ретко го гледаме на домашните медиуми, но за Еден на Еден се согласи да се јави од Торонто, Канада, и да си муабети со Жаре во вчерашната специјална епизода „Седи си дома“.

„Па види го, не старее, чекаш уште „Магија“ да ти ја запее. Само ти и Ристо Самарџиев не стареете“, му рече Жаре на Јован Јованов. Познатиот музичар од 2016 година со сопругата Николина и со ќерката Малеа живее во Канада, а претходно две години беше во Холивуд и работи како продуцент и композитор.

„Бев еден месец во Холивуд и требаше пак да одам, но состојабата со коронавирусот ми ги поремети плановите. Инаку, овде ситуацијата не е толку напната. Рестораните и кафе-баровите не работат, но работат ланците за брза храна“, му рече Јованов на Жаре.

За крај, Жаре го тестираше Јован: „Што оди после: Немам дозвола со кола да те повозам?“. „Но, можам за тебе, песна да напишам“. одговори Јован за првиот хит на тинејџерската група „Магија“ која беше многу популарна. Целата емисија „Седи си дома“, гледајте ја следниот линк: