Kако да преживеете до формирањето на новата Влада

По паузата од една недела, „Фчерашни новости“ со нова епизода се враќа на програмата на „Телма“. Во недела во 19:10, пародичните вести носат неколку ексклузиви.

Претставник на „Македонија пат“ убедува дека снегот не ги изненадил годинава.

Фчерашни и со препораки – како да преживеете до формирањето на новата Влада.

Дознајте и како се снаоѓаат бездомниците зимава, но и за скандалот пред Сојузот на синдикатите на Македонија.

Со материјали собирани две недели, тимот на најгледаната хумористична емисија нетпреливо ја очекува својата премиера.

Епизода бтој 8 следете ја во недела, 19:10 часот, а првата реприза подоцна истата вечер на „Телма“.