Како да знаеш дека е нова година?

Се ближи 31.12 а ти не знаеш дали навистина е Нова година поради тоа што не те мава никаква возбуда? Е па, направивме листа на сите работи што се случуват овој период. Ако барем една од овие работи си ги видел… дефинитивно се ближи Нова година! 😀

-На ТВ се прикажуваат сите делови од “Сам Дома”

-На инстаграм секој втор човек се слика со елката на плоштад

-Сите на фејсбук постираат слики од нивните забави од фирмата. Секоја слика има опис “SO MITRA, JOVAN I MILANKA STO NEMA FEJSBUK”

-Магично од нигде никаде цела куќа ти е составена од руска салата и кифлички небаре живееш во некоја фиктивна куќа на прасињата од бајките

-Во секоја продавница по маркетите во трговските центри пишува НОВОГОДИШЕН ПОПУСТ! Работи што порано биле 1500 денари сега се 1499 денари!!!

-Се појавуваат милијарда клонови на Дедо Мраз на плоштад. Со таа разлика што овие смрдат на ракија и ти бараат пари за да се сликаш со нив. Во мое време Дедо Мраз ти оставаше работи, а не ти земаше…

-Локалните старлети се сликаат носејќи минич и Дедомразовска капа. Баш во духот на Нова година и Божиќ…

-Телевизиите создаваат “Blooper reel” со најголемите гафови од изминатата година. За изненадување, тоа што ширеле пропаганда за едната или другата партија цела година нема да го сметаат за гаф