Каква фризура има Груевски?

Kаква функција му припадна на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов по референдумот со кој Реџип Таип Ердоган доби султанска власт?

Ова е само една од екскузивните вести кои ги носи вчерашната епизода на „Фчерашни новости“.

Во епизодата 22, Ланчо во студиото ја пречека најголемата балканска ѕвезда пред големиот концерт во Македонија. Го запознаваме и единствениот човек кој ужива во политичката криза.

Видовме и како се справуваат граѓаните со повикот на Никола Груевски тие да останат будни. Екипата се обиде да дознае и кој ја спречи коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Епизодата е веќе достапна на „Јутјуб“.