Калиопи доаѓа во Еден на Еден

Македонската дива доаѓа во нашето шоу за прв пат по сезона 4!

#Сезона15 продолжува со една од најуспешните пејачки на македонската сцена, а секогаш кога имате гостин со таква кариера, квалитетниот разговор е загарантиран.

За нејзините професионални подеми и падови, како и за многу детали од нејзиниот приватен живот кои досега ги нема кажано никаде – Калиопи доаѓа во Еден на Еден, а терминот е оној стандардниот: Недела, 18:30 на Канал 5!

Како што знаете, почнувајќи од оваа сезона, секој разговор ќе биде емитуван во два дела, а првиот освен на ТВ, ќе можете да го проследите и на нашиот Јутјуб канал.