КАРТИ ЗА ВАРДАР И МЕТАЛУРГ

Како што ви најавивме на нашата фејсбук страна (facebook.com/edennaeden), на двајца наши најсреќни фанови ќе им подариме карти за еден од четвртфиналните натпревари на Вардар и Металург, без разлика со кого ќе играат и кога! 🙂

Како да бидеш ти среќниот добитниК? Еве што треба да правите…

1. На нашата фејсбук фан страна ќе биде поставен статусот “ОДГОВОРИ ЗА КАРТИ ТУКА :)”

2. Во коментар на истиот статус погодувате против кого ќе се падне Вардар и против кого ќе се падне Металург

3. Вашиот статус треба да изгледа вака – “ВАРДАР – _______ МЕТАЛУРГ – ______” (поинаква формулација нема да прифатиме, значи уште еднаш – “ВАРДАР – _______ МЕТАЛУРГ – ______”)

4. Секој фан на Еден на Еден ќе има право само на ЕДНО погодување и притоа секако, секој edited статус НЕМА да влезе во игра

5. Првиот што точно ќе има погодено со кого ќе се падне Вардар ги добива картите за Вардар и обратно за Металург (доколку еден фан прв ги погоди и Вардар и Металург, истиот ќе си ги добие 4те карти)

6. Играта ќе трае се додека администраторот на нашата фејсбук страна не пише во коментар дека е завршена. Сите коментари после тој нема да важат

7. Добитниците ќе ги контактираме ние. Секако, прво EHF треба да го направи извлекувањето 🙂