Кои ликови најчесто ќе ги најдете во црква за Велигден?

Се ближи најголемиот христијански празник – Велигден, а поради тоа нашата екипа работеше напорно за да направи листа на ликови кои што ќе ги најдете пред црква на денот на овој празник:

Комедијантот – Најчесто седи пред црква чекајќи некој да дојде со цел да го праша “А БЕ САКАШ ДА ТИ ГИ СКРШАМ ЈАЈЦАТА?”

Верникот – Се крсти пред црква и се однесува смирено велејќи дека отсекогаш бил верник. После Велигден секој ден може да го најдете во кафана како се пијанчи, пцуе по келнерките и става железни десетки во брусхалтерот на певаљката

Зафркнатиот – Дојден е со вештачко јајце и им ги крши јајцата на сите. Тоа му е едиснтвена прилика да се почувствува како победник бидејќи во слободно време живее со неговите кои што редовно му кажуваат “АЛО БЕ 35 ГОДИНИ ИМАШ ЗЕМИ ВРАБОТИ СЕ!”

Шмизлата – Тука е само за да се чекира на фејсбук. Обавезно, секогаш на фејсбук и коментира комедијантот од погоре со текст “A ДА ТИ ГИ ПОКАЖАМ МОИВЕ ЈАЈЦА? ХАХАХАХА”