Кој сточар, кој со ѓаволчето на рамо – приказните на Бранко Огњановски, Лупевска и Жан Митрев (ВИДЕО)

На 03 април, во Мултимедијалниот Центар при Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип, над 350 студенти имаа можност да ги слушнат мотивационите говори на Жан Митрев, Снежана Лупевска и Бранко Огњановски, како дел од третиот настан на акцијата Feed Your Brain.

Жан Митрев ги сподели техниките за мотивација кои ги користел и сеуште ги користи, и им зададе задача на присутните млади со која можат да започнат да го “тренираат” својот мозок, Лупевска им пренесе на младите колку е битно да работиш со пасија и адреналин – бидејќи тоа те тера напред во својата професија и живот, додека Бранко Огњановски на крај им порача на младите да научат да креираат и создаваат самите, наместо да чекаат вработување во државна администрација. Нивните целосни говори и животни приказни може да ги проследите на следниот линк:

https://www.youtube.com/watch?v=ppZiELnThBA

Жарко Димитриоски како модератор на настанот, го најави “серијалот” на Feed Your Brain настаните кои ќе се оддржуваат во наредниот период, на различни Универзитети низ државата, секој со различни мотивациони говорници. Целта на настаните е младите низ низата на успешни лични приказни од говорниците, да слушнат, да се мотивираат и да се поттикнат да се развиваат постојано и да го остваруваат својот сон тука, во својата земја.

Feed Your Brain e акција која е дел од платформата Мрдни со Прст која е граѓанска платформа, чија мисија е да поттикне акција на размислување за индивидуалната одговорност и поголема граѓанската вклученост во решавање на општествените прашања кои сите нè засегаат, бидејќи секое мало мрдање со прст придонесува за големи резултати и промени. Иницијативата започна пред повеќе од една година и секој граѓанин, граѓанска иницијатива или организација може да стане дел од неа.

Наредниот настан ќе се одржи во Прилеп на 17ти април на Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Климет Охридски”, за кој може да добиете повеќе информации на Facebook страната www.facebook.com/MrdniSoPrst.