Купувај во пижами!

Денеска стартуваше новата кампања на „Стопанска банка“, „Купувај во пижами“ која ја реализиравме заеднички со агенцијата „Публицис“.

Станува збор за тоа дека корисниците на Виза и Мастеркард платежните картички на Стопанска банка-Скопје освен бенефитите од едноставно од едноставно и безбедно онлајн плаќање, отсега имаат можност да освојуваат и вредни награди со купување и плаќање од било каде во светот.

Во насока на вреднување и наградување на своите клиенти кои редовно ги користат Visa и MasterCard платежните картички, Стопанска банка започна наградната игра “Купувај онлајн со платежните картички на Стопанска банка”.

Наградната игра започна на 1 јуни, а ќе трае до 31 декември 2015 година со извлекување секој месец по 5 добитници при што месечната главна награда изнесува 60.000 денари а ќе се доделуваат и по четири споредни од 10.000 денари.