Kако луѓе што немаат врска од спорт одговараат на фудбалски прашања?

Дел од #1на1 екипата воопшто нема врска од фудбал и останати спортови, па токму затоа ги прашавме за нивните предвидувања околу престојното европско првенство. Еве како луѓе што немаат врска од спорт одговараат на фудбалски прашања:

Кој ќе го освои европското првенство?
– Не знам кој ќе го освои, но знам дека Македонија нема да изгуби ниеден меч на првенствово.
– Германија на времето за малку ја освоија Европа, па мислам сега ќе им успее.

Кој ќе биде најдобар стрелец на првенството?
– Единствен стрелец што го знам е Оливер Квин од Green Arrow. Немам одговор.
– Тој што ќе даде најмногу голови.

Каков ќе биде најдобриот погодок на првенството?
– Од корнер ама полош од оној на Шаќири.
– Ќе биде шутнат со нога. Или не.

Која репрезнетација најмногу ќе разочара?
– Бугарија, поради тоа што лани бев на одмор и ми го пробија автомобилот, па поприлично ме разочара Бугарија.
– Знам дека Македонија не е дел од првенствово ама сигурно ќе најдат начин да ме разочараат.

Дали судиите повторно ќе бидат најконтроверзен елемент од првенството?
– Да, освен ако гола навивачка не се појави за време на финалето.
– Не знам, ако не им ги бива судиите нека ги викнат нашиве од СЈО…

Кој играч ќе биде МВП на првенството?
– Меси ептен го фалат, ваљда тој.
– Гајле ми е, прекини да ме прашуваш глупи прашања, имам работа Ѓоко аман! Ќе те фрлам од тераса!!!