Мал јубилеј – што ќе гледате во новата „Фчерашни новости“

Секоја недела во 19.10 часот  на Телма премиерно се прикажува нова епизода од „Фчерашни новости“.

Во оваа петта, да не речеме – јубилејна епизода, како што најавува типот што ја подоготвува оваа сатирична серија,  ќе гледате неколку ексклузивни вести. Последни дознајте за новата авантура на Охрид и охридскиот туризам, изборите одложени, но кампањата продолжува и можеби најексклузивната вест е влијанието на Ватикан во политичката криза во земјава.

„Фчерашни новости“ е хумористично-сатирична емисија, на која работи креативен тим предводен од Бранко Огњановски, најпознат како Миле Паника од „К-15“.

Во секоја епизода во околу 30 минути, преку призмата на хуморот и сатирата, се обработуваат актуелни теми од секојдневниот живот.
„Фчерашни новости“ премиерно се прикажува секоја недела на „Телма“, а се емитува и на 24 регионални и локални телевизиски станици.