МАМА МИА: Шест на еден во „Еден на Еден“

Дел од актерската екипа на хит-мјузиклот на МНТ,  „Мама миа“, ни гостуваат во новата епизода на „Еден на Еден“. Во недела, не ги пропуштајте Тања Кочовска, Биљана Драгиќевиќ – Пројковска, Арна Шијак , Нина Дејан, Кире Ѓоревски и Никола Наковски.

За првпат, шест гости седнаа на каучот спроти Жаре. Зошто да ја погледнете „Мама миа“, какви се ангегдоти се случувале на сцената на македонските театри и што имаат да кажат актерите за мешањето на политиката со уметноста.

Не чека многу весела епизода полна со смеење и пеење. Новата епизода гледајте ја оваа недела од 18:50 часот на Канал 5. „Мама миа“ во „Еден на Еден“!