Меморија се враќаат посилни од било кога

Меморија ни’ раскажуваат  „Сме се враќале боси од свирка, ни скубале коса, ни врзувале патики…“. Подгответе се за вечер полна со неверојатни и смешни приказни заедно со легендите на македонската музичка сцена „Меморија“. Перо Камиказа и Поце Икономов кај нас во „Еден на Еден“ зборуваат за времињата кога се живееше за и од музиката.

Пред нивниот голем концерт, гледајте ги „Меморија“ во „Еден на Еден“ во недела, 5 Ноември, со почеток од 18.50 часот на „Канал 5“.