Милан Калиниќ и Срѓан Ивановиќ доаѓаат во Еден на Еден

Кажете и „не“ на дрогата, ама ако веќе велите „да“ –  нека е квалитетна, се смее Милан Калиниќ во новата епизода на „Еден на Еден“. Српскиот актер на каучот кај Жаре е во друштво на неговиот колега и кум, Срѓан Ивановиќ и ова е само дел од смеењето кое што ве чека во недела.

Калиниќ и Ивановиќ зборуваат за нивната претстава, почетоците, дружбата и семејството.

Во „Еден на Еден“ ќе чуеме и глас кој одамна не го исполнил студиото – оној на Спасе!

Не ја пропуштајте „Еден на Еден“ оваа недела од 18:30 на Канал 5