Министер доаѓа на гости во Еден на Еден!

За време на предизборниот период мора да се викнат министри во #1на1. Но, не било кој, туку минстерот за одбрана Борко Ристовски! (а што, вие мислевте Топ Тема сме? :D)

За жал Борко со колегите не успеа да ни донесе пласман во Рио, но ако ништо друго барем ни донесе еден куп интересни приказни во нашата емисија. Ќе открие дали има вистина во шпекулациите за негов трансфер во Барселона, ќе открие како завршил во Катар, а со Жаре ќе ја игра и играта “Tвоје чело личи познато”

Премиерното издание на епизодата е како и секогаш во сабота, 19:15 часот на Телма!

 

Целата епизода можете да ја погледнете на следниот линк.