Моменти за паметење од СП 2014

1. Голот ала Супермен на Робин ван Перси

Супер начин да се одбележат првите денови од светското првенство. Паднаа навистина добри голови (волејот на Тим Кејхил од Австралија ау ау ауууу) на ова светско ама овој ќе го запомниме како еден од првите убавци…

2. Голгетерите

Пред се, Родригез од Колумбија! Хамес ли е, Џејмс ли е, Иљче нека се вика ако сака… Цела фудбалска јавност се заљуби во типот. Добра иднина го чека. Не може да го заборавиме и Клосе, иако моментот кога стана најдобар стрелец во историјата на светските првенства некако дојде во доста незгодно време. Пораз на Бразил од 7:1 некако има инерција да направи се друго да се подзаборави… Кога сме кај имињата, најдобриот стрелец во историјата на светските се вика Мирослав. Тоа само… 🙂

3. Едно чудо непријатни изненадувања

Светсково немаше недостаток на “лузерлук”. Ај Италија и Англија што не поминаа ни група и наместо нив ги гледавме Уругвај и Костарика… Ама бламажата на Шпанија и бруката што дома го снајде Бразил! Ai Dio mio…

4. Калински и Панчев

Конечно се изнауживавме во коментарите на еден ваков настан. Секоја чест за другите одлични коментатори, но динамичното дуо се првите коментатори кои комотно можат да се споредат со најдобрите во светот во однос на релаксираноста, шармот, духовитоста и познавањата. Секоја чест момци!

5. Луис Суарез

Конечно, Тајсон се отсели од куќата на улавите гризачи, а Луис се всели сосе покуќнина! Си го грицна Киелини како да е хамбургер и отпосле се правеше на “три и пол”. Штета што “три и пол” се и бројот на случаи кога “луди Луи” јаде некого среде натпревар…

6. Типчето од преносот на финалето на МТВ

МТВ секогаш биле познати по тоа што имаат вработени со единствени задачи да – влечат кабли, носат чаша вода на гости во студио, тераат дремка во фоаје, кажуваат вицеви на камерманите додека работат и сл.
Но, не знаевме дека имало вработен и на “прај се наудрен, ќе те пуштиме во етер сред финале на светско првенство” позицијата…

image-80fbf03aa3e6fb2e7915537c950432766e07a5488d7014b02d7c72f70c63598f-V

п.с. потсетете се и на моментите за паметење од СП 2010, доколку имате и други моменти кои овде се пропуштени слободно пишете ги во коментар 🙂