Село гори, Путин се чешла!

Не дека има нешто посебно за кажување освен дека Путин не чести со нов badass потег. За што се работи – после боречките вештини, пливањето, јавањето мечки, возењето формули, Путин реши повторно јавно да истера некој интересен пи-ар момент. Овојпат изборот е хокеј, а занимливото е што вчера, додека Путин лизгаше по мразот и даваше голови (постигна 6, неговиот тим победи со 21-4, демек не знаевме дека вака завршило 🙂 ) во Украина се одвиваа сериозно заострени борби каде гинат луѓе на двете страни.
Како и да гледате на овој сепак чуден потег во ова време, мора да му се признае дека е мажиште. Ајде Влатко, забиј уште еден гол за мајка Русија!

Tan2014-5-10_19155729_0-670x446