Начевски и Николов: Во Африка има најлуди навивачи

Ракометната судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, во Еден на Еден раскажаа каде има најжестоки навивачи.

„Во Африка се најзапалени навивачите. Се колат, се тепаат, се маваат со патики. Таму на сред натпревар влегува репортер на теренот со камера и прави прилог“, му рекоа на Жаре Начевски и Николов, кои го судеа финалето на СП во Келн.

Другари се долги години, заедно работат повеќе од 15 години, а колку добро се познаваат, покажаа во специјалната игра која им подготви Жаре. Гледајте ги заедно со Антониа Гиговска во недела, на Канал 5 од 18.30.