Најава за финалето на седмата сезона!

Помина уште една сезона. Сезона во која имавме многу хумор, забава, музика и фантастични гости. После одличните 24 епизоди време е и да ја затвориме сезоната 007 од #1на1. Погледнете го “Најдоброто од сезона 7” оваа сабота во 19:15 часот на Телма!

Освен најдобрите моменти, во финалето Жаре ќе ја отпее и специјалната песна посветена на сите гости меѓу кои се најдоа и Игор Џамбазов, Марјана, Сашко Коцев, Тамара Тодевска, Ник Вујичиќ, Саша Ковачевиќ, Тимур Дибиров, Борко Ристовски, Каролина, Елена и многу многу други.

п.с. Гледај ги целите епизоди од сезона 7 НА ОВОЈ ЛИНК