Најголемите лаги било кога кажани

 

Сите (освен авторот на овој текст и лидерот на мојата политичка партија) сме излажале барем шест пати во животот. Некои лажат помалце, некои лажат повеќе, ама сите лажат. Екипата на #1на1 успеа да направи масовно истражување и дозна дека ова се најголемите лаги било кога кажани!

-Познат екс-ју бенд со концерт во Скопје! ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ!

-Од понеделник ќе си го средам животот!

-Ееееј супер што се видовме, деновиве ти вртам на кафе да се видиме!

-I did not have sexual relations with that woman

-Леле наставничке, ја напишав домашната, ама ја заборавив!!

-Не бе..25 сантима се ова…така ти се чини дека темно…

-ПО БАРАЊЕ НА ПУБЛИКАТА ТУРСКАТА СЕРИЈА “ТАБАНИТЕ НА КОМШИЈАТА” ПО ТРЕТ ПАТ РЕПРИЗНО НА НАШАТА ТЕЛЕВИЗИЈА!! ТОТАЛНО Е ПО БАРАЊЕ НА ПУБЛИКАТА! НЕ Е ПОРАДИ ТОА ШТО НЕМАМЕ ПАРИ ЗА ДРУГА СЕРИЈА!

-Ќе изградиме патишта! Мостови! Економија голема!

-Ќе ослабам летово

-Познат екс-ју бенд со концерт во Скопје! ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ!..ама овој пат за стварно!

-Аца Лукас? Хаха, ниту една песна не му знам бе!

-Ама стварно! Стварно нема да ја нападнеме Полска! Еве, чесен Адолфоф збор! Жими мајка нема да ве нападнеме!

-Значи не се грижи! На први ќе добиеш плата! Жими све! Еве, сега иде први Август и оп, на сметка плата за Јануар..ти гарантирам!

-Леле не знам зошто си добила нотификација дека сум ти лајкнал слика од лето 2014та….стварно неам појма, ова Фејсбуков нешто заебава, полн со вируси е хаха….и така….ти како? Ај се видиме?

-Познат екс-ју бенд со концерт во Скопје! ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ! ….ама жими фронтменот ова е последен пат! ЗНАЧИ СТВАРНО Е ОВА ПОСЛЕДЕН ПАТ!!

 

© 2018 Еден на Еден. Сите права задржани. Web by Glitch Agency. Hosted by xo.mk.