НЕ ПРОПУШТАЈТЕ: Убавицата и раперот гости во „Еден на Еден“

Следува уште  едно одлично издание на најгледаното ток-шоу во земјава „Еден на Еден“. Овој пат домаќинот Жарко Димитриоски го угости еден од нашите најпознати  брачни парови Маринковиќ-Николиќ, односно Слаткар и Сања.

Ова е нивно прво заедничко гостување, а Сања е повторно на тв-екраните после девет години медиумска апстиненција.

Слаткар зборуваше за своите почетоци, за негативните коментари, за новите проекти, Сања се потсети на убавите времиња кога беше „Мис на Македонија“, за телевизиските проекти на кои работеше, но двајцата ни открија и неколку интересни детали од нивниот брачен живот.

Затоа, не смеете да го пропуштите најновото издание на „Еден на Еден“. Недела, 18:50 часот на „Канал 5“ телевизија.