НЕМ 2018: Адвертајзингот никогаш не се соочувал со толку предизвици

Рекламирањето е насекаде околу нас: на спортски настани, на напуштени објекти, на возила, во тоалети во ресторани, автопати, како и телевизија. Дали навистина постои ситуација што може да ја наречеме „премногу реклами”? Одговорот ќе го добиеме од топ професионалци, панел-говорници на НЕМ 2018 во Дубровник, кои ќе разговараат за заработувачката, публиката, содржината и новите рекламни алатки.

 Сите сакаме да видиме интересна реклама, да слушнеме заразен џингл или да ја повториме таа реченица од таа рекламата што ја сакаме. Но, истовремено на сите ни дошло да кажеме: „Ако ја видам оваа реклама уште еднаш, се колнам …“. Како да заработите од рекламите без да ја изгубите публиката, а во исто време да не ја преминете границата на иритантност – е предизвик за експертите.

Рекламата треба да го ангажира купувачот – не само да го убеди да го купи производот, туку и да предизвика емоционална реакција. Традиционалното рекламирање е се уште многу присутно и релевантно (особено во нашиот регион), но постои зголемена потреба од содржина која не е фокусирана исклучиво на продажба, што доведува до следново прашање: Дали native рекламирањето е подобро и попрофитабилно од класичното рекламирање?

Одговорите на овие интересни прашања ќе бидат дадени од страна на говорниците на панелот „Адвертајзинг – кога е премногу?”, модерирана од Катрина Биликбаши, уредник на Телевизија Бизнис Интернационал. Меѓу говорниците се и: Алида Жорж Микетек, генерален директор на AGB Nielsen Audience Measurement Croatia, Дирк Геркенс, извршен директор на TV2 Media Group, и Срѓан Шапер, основач на I&F McCann Group.

  • Со предизвиците се соочуваме сите и – брендовите и агенциите – затоа што треба да најдеме начин да стигнеме до потрошувачите со порака што ќе биде релевантна за нив. Денес, кога потрошувачите се пренатрупани со стотици различни пораки, често им е тешко да го идентификуваат вистинскиот. Најдобар начин за привлекување на потрошувачите и публиката кон одреден бренд е персонализираните реклами да се прават корисни, забавни и што е најважно, паметни. Знаеме дека вниманието на денешните потрошувачи во просек трае само 6-8 секунди. Затоа, пораката треба да биде јасна, чесна, убаво насочена… Но, оваа пренатрупаност на содржини ќе доведе до потрага по одлични идеи кои имаат долготрајно влијание. Креативноста дефинитивно ќе профитира од ова – вели Шапер.

 

 

Оваа година НЕМ, кој ќе се одржи од 11 до 14 јуни, е идеална можност за вашата нова деловна приказна. Бидете инспирирани од панели, светски познати говорници од медиумската индустрија, проекции и дружење со луѓе со слични интереси.

Да го комбинирате бизнисот со задоволство, обезбедете го вашето присуство и да резервирајте сместување на официјалната НЕМ веб-страница www.neweumarket.com.