Ноле по интервјуто за Еден на Еден, со емотивна честитка за Шарапова

На емотивен начин, Новак Ѓоковиќ ѝ честиташе на својата колешка Марија Шарапова за сѐ што направила за тенисот, откако дозна дека легендарната спортистка ја завршува кариерата.

„Таа е голем борец. Навистина е инспиративно да се види каков шампионски менталитет има таа. Нејзината кариера беше фантастична, навистина може да биде горда на себеси“, изјавил тенискиот ас за Шарапова.

Голема чест ни е што човек со ваков спортски дух, ќе биде дел од нашата нова емисија. Ноле даде специјално интервју со многу интересни приказни за Еден на Еден, а ќе го гледаме во недела од 18.30 на Канал 5.  

Насловна фотографија: https://www.tennisworldusa.org