Нова епизода на „Фчерашни новости“ во недела

Екслузивно: Што пронајдоа биолозите во подножјето на Шар Планина

Истражување: Зошто сѐ повеќе млади Македонци бараат парче леб во САД

Неверојатно: Се степаа два мајмуна во Зоолошката градина во Скопје.

Нека не ве лажи сериозната најава, екипата на „Фчерашни новости“ и оваа недела подготви одлична епизода.

Епизодата број 10 може да ја погледнете на „Телма“ во недела во 19:10 часот.

Дотогаш, посетете ги официјалните страници на  „Фејсбук“, „Инстаграми на „Јутјуб“, каде може да погледнете и екслузивни видеа и фотографии од снимањата и снимки кои не ја „преживеале“ последната монтажа.