Нова сезона, нов термин, нова телевизија!

Нов термин и нова телевизија за „Еден на Еден“.  Од оваа недела се селиме на „Канал 5“ телевизија, a eмисијата ќе се емитува секоја недела во 18:50 часот.

Долгоочекуваната епизода со „Фамилијата Марковски“ и гостувањето на Силвија, Тамара, Владимир и Петар, ќе ја гледате оваа недела, 29 октомври, во 18:50 часот.

Покрај тоа што ќе пробаме да дознаеме дали ќе има втора сезона на хит-серијата, ќе се обидеме да одговориме и на неколку прашања кои ги мачат сите: Која е тајната на животот, зошто оваа емисија не одеше на претходната телевизија, кој ја цензурираше, дали има задгробен живот и многу други… А, можеби и нема :D.

Сезона 9 на „Еден на Еден“ секоја недела од 18:50 часот на „Канал 5“. Гледајте нѐ.