Новак за Еден на Еден: Ако сакаат да ме победат, знаат што треба да прават

Минатиот викенд во Белград заврши хуманитарниот тениски турнир „Adria Tour“ кој го организираше Фондацијата Новак Ѓоковиќ. На тенискиот турнир се собраа светски познати тениски асови, а победи австриецот Доминик Тим.

„Има тенисери во таа нова генерација кои претендираат да бидат на врвот, и кои се веќе на врвот. Ете на пример, Доминик Тим кој е веќе на врвот“, рече Новак во март во специјалното интервју за Еден на Еден, кое го направи спортскиот новинар Бошко Тасиќ.

„Имам свој начин на игра со кој на моите противници им претставувам голема пречка и голем предизвик. Тие треба да знаат што да направат ако сакаат да ме победат, да играат најдобро што можат. Не би можел да издвојам еден свој адут, мислам дека имам комплетна игра“, изјави Ноле за Еден на Еден. Погледнете го целото интервју со Ѓоковиќ: