Одличен муабет и епизода – „Меморија“ во Еден на Еден

Во неделата на „Еден на Еден“ имавте прилика да го погледнете гостувањето на дел од членовите на најкултниот македонски бенд – „Меморија“, Перо Камиказа и Поце Икономов.

Двајцата се навратија со сеќавањата во убавите времиња во кои тие твореа, за нивните згоди и незгоди, за тоа како „Меморија“ станале едни од најдобрите и најбараните бендови во Македонија…

Перо и Поце раскажаа интересни детали од нивните многубројни концерти, за тоа како им гаселе цигари од патики, како им ги врзувале врвките на патиките додека пееле на бина, како им кубеле коси и уште многу, многу интересни приказни кои ве уверуваме дека ќе го задржат вашето внимание…

Се разбира, го најавија и нивниот голем концерт, закажан за на 18. ноември во „Метрополис арена“.

За сите што ја пропуштија емисијата, истата е веќе објавена и може да ја погледнете на следниот линк: