Окото на Саурон во Русија (фото)

По повод премиерата на најновиот дел од франшизата „Hobbit“ во Москва ќе биде поставена инсталација што ќе ги изненади фановите.

На премиерата на „The Hobbit: The Battle of Five Armies“ која е закажана за во четврток во Русија, на покрив на една од зградите во бизнис центарот во Москва, ќе осамне огромна светлосна инсталација, рекреација на Окото на Саурон.

Окото на Саурон се интерпретира како метафора за масивното надгледување и контрола во светот во кој живееме.