Оваа сабота не очекува новогодишно издание на Еден на Еден!

И оваа година како и лани, а и годините пред неа, екипата на #1на1 ви спрема нешто што е во новогодишниот дух и дефинитивно ќе ве расположи. Оваа сабота во 19:15 часот ќе се eмитува последната “Eден на Еден” за оваа година. Во истата ќе имате можност да погледнете нови скечеви од кујната на “Eден на Еден”, а ќе можете да уживате и во разговорот со нашите популарни актери Сашко Коцев и Славиша Кајевски.