Пере – „Нокаут“ ќе раскаже интересни анегдоти за Џамбазов во 1на1

Пере од „Нокаут“ вели дека кога е вљубен ги прави најголемите хитови. Со оглед на тоа дека „Нокаут“ има многу хитови, изгледа дека Пере постојано е вљубен. Познатиот музичар, кој очекува трета ќерка е гостин во новата епизода на Еден на Еден. На кафе-муабетот, додека се подготвуваше емисијата, Пере го навративме на деновите на снимањето на спотот „Телефонскиот број не постои“ со првата постава на „Нокаут“.

„За снимањето на тој спот, за тие неколку дена потрошивме муниција колку што полицијта не троши цела година. Откако ги добивме сите дозволи, бевме на специјална обука“, се присети Пере. Во 1на1, тој ќе раскаже случки од детските денови, приказни од средно музичко каде што научил да слуша добра музика, но и интересни анегдоти за неговиот добар другар, Игор Џамбазов. Пере ве чека во недела од 18.30 на Канал 5!