Пеце Суперхикс го има прслукот на Благица Павловска!

Каква може да биде емисијата каде што од еден гостин ќе бидат спомeнати и Суперхикс, Драган Вучиќ, Благица Павловска, Наум Петрески, прслуци, диви свињи, Шпанија, Барселона, Филе Топки, Трендо, Ристо Бомбата, Роберт Саздов, многу бендови, албуми и прослава од 20 години постоење?

Сето ова го имаше во разговорот меѓу Жаре и Пеце од Суперхикс во најновата епизода. Специјални гости во публиката беа дел од фановите на Хикси кои од групата добија неповторлива можност да присуствуваат на снимањето и во живо да го гледаат својот омилен бенд кој заедно со Жаре изведоа супер верзија во живо на хитот Безгрешен. Во оваа епизода можевте да ги видите и последните Јамб Коцки за оваа сезона… Повелете девојки и момци, целата епизода со Суперхикс!