Погледнете го гостувањето на Исидора Бјелица и Ник Вујичиќ!

Во последната епизода од нашето шоу имавме феноменални гости. Ник Вујичиќ и Исидора Бјелица дојдоа во нашето студио за една од најдобрите епизоди во историјата на #1на1.

Светски познатиот австралијанец роден без раце и нозе докажа дека смислата за хумор и позитивниот дух е најпотребното за да се биде успешен и ни порача дека вистинската среќа доаѓа од внатрешниот мир и спокој.

Исидора Бјелица пак, ни откри интересни детали од нејзиниот живот полн со авантури, а меѓу другото и откри како настанала нејзината најгледана емисија.

Целата епизода можете да ја погледнете на нашиот јутјуб канал:

Омилената приказна на Ник Вујичиќ можете да ја погледнете на следниот линк.