Погледнете го гостувањето на Каролина и Дуке во Еден на Еден

Доколку не пропуштивте на Телма и во моментов се прашувате што добро да  гледате на Јутјуб, тогаш еве одговор. Во последната епизода од #1на1 на гости ни беа Дуке Бојаџиев и Каролина Гочева кои што директно од САД дојдоа да ни раскажат неколку работи за нивниот концерт “Duke and friends”. Меѓу другото, Дуке ни откри како успеал да стигне од Македонија до Холивуд, ни откри како стигнал да се запознае со Квентин Тарантино, а Каролина ни откри кој ќе биде нејзиниот сопруг. Две од овие три работи се вистинити. 😀

Многу повеќе од три интересни приказни ве очекуваат во новата #1на1, а сето тоа во комбинација со забава и добар хумор ви гарантира супер педесетина минути 🙂

 

Монологот од епизодата може да го видите тука