Погледнете ја првата епизода од сезона 9

Кога Џамбазов отворено зборуваше за импотенцијата или кога Панчо „се кандидираше“ за претседател. Кога Жаре и Викса бричеа балони, а Лила даваше совети за брак на хелиум. Која и епизода на „Еден на еден“ да ја одберете, од оние изминати 200 и кусур, секогаш ќе најдете некој евергрин момент.

Затоа, сезоната 9 на „Еден на еден“ започна токму со времеплов на најинтересните момети од сите досегашни години од шоуто. Потсетете се на дел од 250те гостувања, ексклузивни интервјуа и неверојатни приказни некогаш прикажани на најгледаното ток-шоу во Македонија.

„Еден на еден“ има и нов термин – гледајте нѐ секоја недела, 20:30 часот на Телма!