Полицајците се плашат од Тино и Атанас

Со претставата „Чао пријатно“, која е во нивна сопствена продукција, актерите Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски често гостуваат во Црна Гора.

Пред да почне смимањето на Еден на Еден, популарните глумци ни раскажаа интересна приказна за реакцијата на еден од полицајците на граница, кога патувале накај Котор.

„ Мора да бидеме фини со овие двајца, инаку ќе не реметат на „Златна Бубамара“, ни раскажа Тино. „Само што ја поминавме границата, тој се сврте накај нас и ни рече: Чао срце“, низ насмевка вели Атанас.

Сношти, во Еден на Еден, Тино и Атанас раскажаа уште многу интересни приказни, играаа игри и рапуваа. Целата емисија со глумците кои на 27 февруари во А1 Арената повторно ќе бидат дел од „Златна Бубамара на популарноста“, гледајте ја на следниот линк: